/* Template Name: Home */
СООПШТЕНИЕ: Незаконски академски унапредувања во звања доцент во Тетовскиот Универзитет

СООПШТЕНИЕ: Незаконски академски унапредувања во звања доцент во Тетовскиот Универзитет

Соопштението на извршниот директор на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи на денешната прес конференција:

Почитувани претставници на медиумите,

Како Форум за образовни промени го изразуваме нашето длабоко разочарување од целиот процес за избор на Јусуф Зејнели за ректор на Универзитетот во Тетово при еден автократски процес каде  против кандидатите се повлекоа од трката еден ден пред ректорските избори. Покрај информациите кои постојано стигнуваа до нашата организација за влијанието на поранешното раководство на универзитетот и главно политички притисоци врз професорите да гласаат за кандидатот Јусуф Зејнели, врвот на целиот овој процес беше молчењето на Универзитетот, Министерството за образование и наука и Просветниот државен инспекторат кога против кандидатите се повлечеа од трката. 

Политичките партии не го сакаат Тетовскиот Универзитет, ниту го сакаат најдоброто за него, туку ги сакаат финансиските придобивки што доаѓаат од оваа институција. Тоа го докажува и фактот што владејачката партија Демократска унија за интеграција вршела различни притисоци да постави на чело на Тетовскиот Универзитет личност кој е целосно недостојeн да ја води, која според нашето истражување во „Google Scholar“ резултираше дека новиот ректор нема научни трудови објавени во релевантни меѓународни списанија, што е поразително за Универзитетот. Јусуф Зејнели има само два научни труда објавени меѓународно списание (European Scientific Journal) кој според Beall’s List е познат како предаторско списание, додека останатите трудови се објавени во локални списанија, чија релевантност е многу сомнителна.

 

Дополнително, ги известуваме медиумите дека ние како невладина организација до Државниот просветен инспекторат веќе доставивме пријави за 3 професори на Универзитетот во Тетово.

Првата пријава се однесува на незаконскиот избор на двајца членови во националниот совет за високо образование и научна истражувачка работа. Конкретно за проф. Д.р. Фатон Шабани и проф. Д.р Ндерим Зеќири. Според член 42 став 2 од Законот за високото образование: „членови на Националниот совет не можат да бидат лица избрани за ректор, проректор или дел од универзитетскиот сенат, декан или продекан на факултет, член на одоборот за акредитација член на Одбор за евалуација“. Проф. Д-р Фатон Шабани е проректор за финансии и странски инвестиции на Универзитетот во Тетово на незаконски начин според последниот инспекциски надзор што Државниот просветен инспекторат го направи на 22.05.2023 година. Во меѓувреме, проф. Др. Ндерим Зеќири е дел од сенатот на Универзитетот во Тетово што значи дека не ги исполнува предусловите да биде член на овој совет.

Во втората пријава побаравме итен увид за незаконското академско унапредување во звање доцент на Др. Агрон Алили во 2020 година на Природно-математички факултет при Тетовскиот Универзитет. Тој е унапреден кон звањето доцент со непочитување на член 166 став 1 од Законот за високото образование, кој вели: Во наставно-научно звање доцент, може да биде избрано лице кое: има остварено просечен успех од најмалку 8,00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно.“ Просекот на кандидатот во прв циклус е 6,7, а во вториот циклус 9,0. ФОП бара од Државниот просветен инспекторат веднаш да постапи и да преземе мерки за отстранување на незаслуженото звање доцент на дотичниот професор. Дополнително, имаме информации дека бројот на ваквиот modus operandi на унапредувања во академските звања е поголем и на другите државни универзитети во земјава, а во меѓувреме ги истражуваме таквите случаи и ќе отвориме постапка за истите! 


Овие не се единствените законски и статутарни прекршувања, ниту единствените унапредувања во академски звања спротивни на Законот за високо образование – Поради оваа причина, бараме од Државниот Просветен Инспекторат да биде максимално ефикасен и веднаш да преземе мерки прво по нашите пријави, а потоа со испитување на секое академско звање добиено под сомнителни околности, не само на Универзитетот во Тетово. 

Само што е отворена Пандорината кутија – Незаслуженото унапредување во адакемски звања не може да помине!