Како Агрон Алили, донаторот на ДУИ, стана доцент на Универзитетот во Тетово со просек 6,7? Министерот Јетон Шаќири му помага со тоа што не презема никакви мерки!

Сите сме свесни дека високото образование во Република Северна Македонија е синоним за деградација, корупција и низок квалитет. За да го потврдиме тоа уште еднаш, на денешната прес-конференција ќе ја запознаеме пошироката јавност со недозволивото и незаконско однесување на актуелниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири.

Имено, уште во април годинава, до Форумот за образовни промени пристигнаа информации дека Агрон Алили кој предава на Природноматематичкиот факултет при Универзитетот во Тетово бил унапреден во доцент спротивно на Закон. Во јули, по претходно поднесена претставка од наша страна, Државниот просветен инспекторат истражи и потврди дека унапредувањето е незаконско. Потенцираме дека со минимален просек од 6,7 и со немање на звање од соодветната научна област, д-р Агрон Алили бил избран за доцент. Според процедурата, оформениот предмет за овој професор веќе шест месеци се наоѓа во Министерството за образование и наука и се чека на постапување од страна на министерот Шаќири согласно Закон за високо образование, но до денес ништо не се презема од негова страна.

Случајно или не, а веруваме дека не постојат случајности, посочениот незаконски избран „доцент“, по унапредувањето донирал 180.000 денари или околу 3 илјади евра на владејачката партија Демократската унија за интеграција. Три, четири или пет илјади – ние на Форумот за образовни промени не знаеме колку може да чини напредување во академски звања со прекршување на законот. Но, едно е сигурно, ниту три, ниту четири, ниту пет илјади евра не можат да ја платат високата цена на деградација на образованието во државата.

Затоа, повторувајќи го нашето барање за прогласување на вонредна состојба во високото образование и спроведување на процесот на ветинг во образованието, го повикуваме министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и сите други надлежни институции во државата да се преземат мерки за санкционирање на прикривањето на предметот и непостапување по роковите кои ги пропишува Законот.

Share the Post:

Related Posts

Join Our Newsletter