/* Template Name: Home */
„0 толеранција“, ФОП ве повикува да пријавите сите академски прекршувања

„0 толеранција“, ФОП ве повикува да пријавите сите академски прекршувања

Од денеска официјално започнува кампањата од Форумот за образовни промени која има за цел да ги минимизира академските прекршувања на универзитетите во Северна Македонија. Секој од вас, онлајн преку маил и во тотално анонимна форма, ќе може да учествува во оваа кампања со осудување на академските прекршувања при унапредувања во академски звања на секој професор или лице вработен во високообразовните институции во нашата земја. 

Цениме дека академската заедница е најважниот столб за генерирање и ширење на знаењето и дека одржувањето на највисоките стандарди на академски интегритет е заедничка одговорност. Токму во овој дух бараме ваша помош при идентификување и пријавување на секој случај каде што имате сознанија или докази за незаконско академско напредување на колеги или професори во вашите Универзитети.

Со пријавување на вакви случаи, значително придонесувате за одржување на кредибилитетот и угледот на академската заедница и универзитетите. Вашата храброст и посветеност на етичките практики не само што ќе ги исправат грешките од минатото, туку и ќе помогнат да се спречат тие да се повторат во иднина.

Сите потенцијални случаи на незаконски академски унапредувања во звања може да се пријават на оваа е-пошта: fech.mk@gmail.com

Секоја информација споделена со нас ќе се третира со најголема доверливост и во целосна согласност со важечките закони за заштита на податоците.