/* Template Name: Home */
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и #DigiU потишаа заедничка заложба за дигитализација во високото образование

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и #DigiU потишаа заедничка заложба за дигитализација во високото образование

Дел од организациите во име на платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа Декларација за заедничка заложба за дигитализација на државните универзитети со примарна цел дополнително подигање на квалитетот на високото образование во земјава.

Во заедничката декларација, меѓу другото, се истакнува дека страните ќе се залагаат за:

  1. Развој на сеопфатна стратегија за дигитализација за државните универзитети, која ќе вклучува воспоставување дигитална инфраструктура и платформи, како и развој на дигитални вештини на персоналот и студентите;
  2. Промовирање на употребата на дигитални алатки во наставата и учењето, вклучувајќи и развој на онлајн курсеви и употреба на системи за управување со учењето како можност за постигнување на инклузивност и интерактивност на наставата;
  3. Организирање на процесите на услуги преку употреба на дигитални платформи, како што се онлајн системи за регистрација и запишување и управување со дигитални документи;
  4. Овозможување на безбедност и приватност на дигиталните податоци и инфраструктура, преку имплементација на соодветни безбедносни мерки и протоколи.
  5. Обезбедување квалитетни електронски уреди, пристап до интернет и соодветна обука за сите учесници во воспитно-образовниот процес кои ќе бидат опфатени со дигиталните образовни реформи;
  6. Зајакнување на соработката и размена на знаења помеѓу државните универзитети како и помеѓу соработниците од приватниот сектор, граѓанските организации, експертите и сите останати физички и правни лица со цел да се обезбеди максимизација на придобивките од дигитализацијата.

Потписник во името на Форумот за образовни промени е активистот Бленди Ходаи во својство на претседател на Форумот. На потпишувањето му претходеше заедничка јавна дебата на тема „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“ на која присуствуваа и претставници на УГД Штип, студенти и млади луѓе, граѓански организации, приватен сектор како и други заинтересирани релевантни чинители.