/* Template Name: Home */
Резултати од PISA: Северна Македонија во дното, основните училишта „фабрика“ за функционални неписмени

Резултати од PISA: Северна Македонија во дното, основните училишта „фабрика“ за функционални неписмени

Рангирањето на Северна Македонија во последните 10 земји од вкупно 81 земји во резултатите на PISA 2022 година, освен што е загрижувачко, треба да послужи и како последно предупредување за Министерството за образование и наука да преземе конкретни мерки за подобрување на квалитетот за да се застануваме да произведуваме функционални неписмени во основните училишта во земјава.
Од вкупно 81 земја кои беа дел од овој тест, Северна Македонија е на 61-то место. Таа е рангирана на 61 место по математика, 71 во јазична писменост и 68 во наука.

Потенцираме дека овие резултати се полоши од претходните, поточно во 2018 година, тоа покажува дека нашата земја освен што не работи во насока на подобрување на квалитетот на образованието, напротив, со години назадуваше.

Дека неписменоста во Северна Македонија се зголемува, ние од Форумот за образовни промени сме алармирано веќе подолго време, додека со овие резултати овој факт за жал беше потврдено во едно од најверодостојните мерења за ова. По овие катастрофални резултати, надлежните под итно да ги засукаат ракавите и да преземат конкретни мерки, го повторуваме нашиот став дека треба да се прогласи вонредна состојба во образониот систем.

Резултатите од PISA 2022