За прв пат е објавена Повелбата за Студентски Права
Форумот за Образовни Промени за прв пат ја објавува Повелбата за Студентски Права чиј автор е Викторија Постоловска. Овој документ беше презентиран пред студенти и учесници од целиот регион на Студентскиот Форум што се одржа на 9 март 2024 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Повелбата за Студентски Права а можете да ја најдете со кликнување ТУКА. За што се работи? Студентите во Северна Македонија успеаја да ги добијат најважните „битки“ за своите права во 2018 година. Како резултат на студентскиот бунт истата година беше изгласан Законот за Високо Образование. Преку овој закон, студентите конечно беа признати како активни учесници во академската заедница и им беше дадено легитимно право да се организираат во студентски собраниа на демократски начин. Но, и покрај тоа, она што се издвојува е плиткоста на овој закон, делови од овој закон се доживуваат како недовршени, избрзани и неконзистентни. Она што најмногу го привлече вниманието на…