#DigiU: Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е позитивен пример за дигитална трансформација на државните универзитети

Каде нема работа – има критика. Но, не во секој случај. Платформата #DigiU го поздравува и поддржува секој позитивен пример за квалитетно и модерно образование во Северна Македонија. Така, како дел од нашата иницијатива #DigiU заедно со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијација за младинско зајакнување, започнавме низа заеднички активности со Универзитетот „Гоце Делчев“ за промовирање на дигиталната трансформација на овој универзитет, која треба да послужи како водич за другите. Со студентите ги споделивме предизвиците и искуствата од процесот за целосна дигитализација, кој воопшто не е едноставен, но не и невозможен со доволно работа, посветеност и пред се, вештини!

„Преку дигитализација можеме да имаме поквалитетно високо образование. Она што сакаме да го нагласиме како #DigiU е фактот дека студентите имаат 100 проблеми, но чекањето на шалтерите не треба да биде еден од нив. Причината поради која организираме заеднички активности со штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ е токму тоа што од нашите истражувања овој универзитет се покажа како најдигитализиран во државата“, рече Бленди Ходаи од ФОП.

„Истовремено, на студентите им овозможува без никакво надворешно влијание и само да ги контролираат сите административни процедури. Од друга страна, како универзитет се трудиме да вклучиме што повеќе дигитални алатки во преносот на знаењето. Ова е тема за која верувам дека треба да се разговара заедно. Новите генерации многу полесно и подобро го прифаќаат овој процес на дигитализација од нас“, изјави Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Сметам дека степенот на дигитализација на државните универзитети е на многу ниско ниво, особено доколку ги споредиме македонските универзитети со тие во Словенија или Естонија. Ова беше заклучено и со истражувањето кое беше спроведено во склоп на DigiU иницијативата, каде заедно со студентските претставници предложивме неколку конкретни предлози како да се подобрат двата клучни сегменти: е-услуги и е-учење.“, изјави Александар Каратошо, претставник на иницијативата #DigiU. Додека, Шевал Зиза, студент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ нагласува „Уште кога започнав со моите студии по Општа медицина во рамки на универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, бев многу пријатно изненаден колку услуги беа овозможени и олеснети со помош на дигиталните платформи кои ги нудеше универзитетот за секој член од него, а клуч за сите тие услуги беше само мојот студентски мејл. Во ова модерно време јас, но и секој академски граѓанин цени ефикасност, заштедено време и ресурси, затоа целосно ја поддржувам дигитализацијата во високото образование и особено ми е чест што сум дел од таква академска средина која што постојано се стреми да напредува во дигиталната фела“.

Што се однесува до идните планови на Универзитетот, раководителите за е-учење и е-индекс изјавија дека ќе внимаваат на збогатување на курсевите со разновидна содржина, што би им помогнало на студентите полесно да го совладаат материјалот. „Во таа насока планираме да одржиме серија обуки и семинари кои значително ќе придонесат за подобрување на веќе креираните курсеви но и за правилно осмислување на курсевите кои ќе се креираат во иднина“, изјавија Александар Велинов и Ристе Тимовски. универзитетски професор и раководители за е-индекс и е-учење.

 



Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .