Corruptversity: се одржа панел дискусија за адресирање на корупцијата во високото образование

Вчера, во просториите на ‘Europe House’, разговаравме за корупцијата во високото образование. Феномен кој е присутен во секој аспект на општеството, но особено во високото образование. Деградацијата на образовниот систем и појавите што ова го овозможуваат треба да бидат во фокусот на општеството, медиумите и јавноста. Медиумите имаат влијание за да одредат кои теми се важни (или не) за граѓаните. Затоа, ќе инсистираме да се разговара што повеќе за овие теми. Агендата треба да се промени, и тоа што е можно најбрзо, што и е целта на организирањето на овој панел-разговор, кој не е ниту прв, ниту последен.

Говорниците на овој панел беа министерот за правда, Кренар Лога, претставник од министерството за образование и наука, Ахмед Казими, службеникот за антикорупција во УКИМ, Гордан Калајџиев и претседателот на Студентското Собраније на УКИМ, Александар Николовски.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .