Category Archives: MK

Форумот за образовни промени го заврши второто издание на обуката за посилни студентски собранија. За четири дена, 20 членови на студентските собранија и студенти дознаа повеќе за корупцијата во високото образование, застапувањето, комуникацијата и односите со јавноста. Обуката се одржа во Велес. Бленди Ходаи и Викторија Постоловска од ФОП зборуваа за важноста на младинското учество, начините и формите на идентификување, а потоа и решавање на проблемите што ги засегаат младите во земјата.   Борјан Ѓузелов, експерт и познавач на борбата против корупцијата разговараше со учцесниците на оваа обука за тоа кои се најчестите облици на корупција во високото образование и како треба да се борат со оваа појава. Коста Петров, експерт за односи со јавност разговараше со учесниците за најдобрите начини да ги пренесат нивните иницијативи. На оваа сесија имаа можност да креираат комуникациска стратегија. Кире Василев, експерт и поранешен член на Комисијата за антидискриминација, работеше со учесниците за најдобрите…

Read more

1/1