Со растот на трошоците за меѓуопштинскиот автобуски превоз во Северна Македонија, се зголемија и пречките за младите луѓе, особено оние кои се студенти или професионалци во почетните фази на својата кариера. Овој проблем е особено изразен во клучните академски места како Тетово, Скопје, Штип и Битола, градови од кои студентите често патуваат секој ден за да одат на предавања. Во просек, за превоз, овие студенти трошат меѓу 400 и 500 денари дневно, што наметнува доста тежок финансиски товар кој влијае на нивното присуство на предавањата и го оптоварува семејниот буџет. Во академската 2023/2024 година се запишале 52.316 студенти низ сите универзитети на територијата на Република Северна Македонија. Од оваа бројка, најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје примил 25.700 студенти, од кои 11.812 доаѓаат надвор од Скопје и им се потребни стабилни и пристапни опции за превоз за да можат да посетуваат настава. Овој финансиски товар влијае на нивното присуството на настава и ја потенцира разликата помеѓу младите од урбана и оние од рурална средина, со што им се ограничува еднаквиот пристап до можностите за образование, вработување и културен ангажман.
Како решение на овој проблем, предлагаме воведување на Субвенциониран студентски превоз за сите редовни студенти. Оваа иницијатива би овозможила две пристапни опции за превоз, со што би се решил проблемот со нееднаков пристап до образование и би се поттикнал растот на мобилни, ангажирани студенти во сите градови. Овој билет би оперирал во форма на јавно-приватно партнерство (ЈПП) помеѓу Владата и приватните автобуски превозници со цел студентите да можат да патуваат низ целата држава по субвенционирани цени.
Со правење на меѓуопштинскиот превоз поевтин и попристапен, Субвенционираниот студентски превоз има за цел да го поддржи социоекономскиот развој на младината во Северна Македонија – поточно, на редовните студенти – и да поттикне иднина која ќе биде поеднаква за сите.
Овој предлог влече инспирација од младинската програма за превоз во Словенија, каде што, со сличен модел, успешно се докажа преобразбената моќ на тоа младите да имаат поевтин и попристапен превоз.