ФОП помина три дена со Националното студентско тело, работејќи на развој на вештини и зајакнување на соработката

Успешно ја заокруживме тридневната ?средба? организирана од Форумот за образовни промени, со цел градење капацитети и зајакнување на соработката помеѓу членовите на Националното студентско тело.

Форумот за образовни промени беше домаќин на членовите на Националното студентско тело во Попова Шапка, Тетово, од 15 до 17 ноември. Националното студентско тело е единствената структура во државата која ги обединува студентите од сите универзитети.

Во текот на овие три дена беа разменети многу идеи и планови за можни идни иницијативи, како и зајакнување на соработката помеѓу студентските собранија на универзитетите во Северна Македонија.

Дополнително, со поддршка од Форумот за образовни промени и надворешниот експерт на нашата организација, Арианит Џафери, беше донесена одлука Националното студентско тело да аплицира за членство во најзначајната студентска платформа во Европа, “European Student Union”.

Поголемиот дел од делегатите на Националното студентско тело за време на оваа средба го изготвија акцискиот план за 2025 година, кој ги вклучува најголемиот дел од активностите што ќе се преземат следната година, обезбедувајќи доследност во нивната реализација.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .