Daily Archives: November 13, 2024

Градби кои се распаѓаат, покриви кои пропуштаат дожд (кој потоа хигиеничарките го собираат во кофи, секако во дослух со врвните технолошки достигнувања и деновиве актуелната дигитализација), недоволно предавални, предавални без соодветна опрема и тоалети чија состојба е колку згрозувачка, толку и загрозувачка за оние што ги користат  – ова се само дел од елементите што ја сочинуваат сликата за државните универзитети, која верувам дека ја споделуваме сите кои имаме каков било контакт со нив, или барем со УКИМ, бидејќи само за него можам да зборувам од лично искуство. Ако овој опис не изгледа доволно ужасно за секојдневното функционирање на кој било студент (макар што не делува ништо попријатно ниту за професорите, ниту за администрацијата), можете да замислите колку е покомплексна ситуацијата за студентите со попреченост. Во оваа прилика нема да зборувам за статистички податоци, затоа што тие веќе кружат низ дигиталниот простор во вид на колумни напишани на мал број…

Read more

1/1