Daily Archives: October 16, 2024

Универзитетите во Република Северна Македонија имаат клучна улога во развојот на општеството преку создавање на квалитетни кадри и обезбедување на знаење и иновации кои директно придонесуваат за економскиот, културниот и социјалниот напредок. Во тој контекст, неопходно е да се гарантира дека високото образование е транспарентно, одговорно и во служба на јавниот интерес. Еден од основните столбови на функционирањето на универзитетите е универзитетската автономија, која е предвидена да го заштити академското истражување и наставата од политички и економски влијанија. Меѓутоа, во изминатите години се забележуваат сериозни злоупотреби на автономијата на универзитетите, особено во делот на финансиското управување, што го загрозува интегритетот на образовните процеси. Посебен фокус на предложените амандмани е унапредување на студентските права. Сегашната правна рамка не обезбедува доволна заштита и не ги вклучува сите права кои се суштински за развојот и благосостојбата на студентите. Со зголемување на бројот на студентски права, се стремиме да создадеме поинклузивен и праведен систем…

Read more

1/1