Успешно заврши второто издание на обуката за посилни Студентски собраниjа

Форумот за образовни промени го заврши второто издание на обуката за посилни студентски собранија. За четири дена, 20 членови на студентските собранија и студенти дознаа повеќе за корупцијата во високото образование, застапувањето, комуникацијата и односите со јавноста. Обуката се одржа во Велес.

Бленди Ходаи и Викторија Постоловска од ФОП зборуваа за важноста на младинското учество, начините и формите на идентификување, а потоа и решавање на проблемите што ги засегаат младите во земјата.

 

Борјан Ѓузелов, експерт и познавач на борбата против корупцијата разговараше со учцесниците на оваа обука за тоа кои се најчестите облици на корупција во високото образование и како треба да се борат со оваа појава.

Коста Петров, експерт за односи со јавност разговараше со учесниците за најдобрите начини да ги пренесат нивните иницијативи. На оваа сесија имаа можност да креираат комуникациска стратегија.

Кире Василев, експерт и поранешен член на Комисијата за антидискриминација, работеше со учесниците за најдобрите начини на застапување и решавање на проблемите со кои се соочуваат. Сесијата беше заокружена со вежби и практична работа.

На четвртиот и последен ден од оваа обука, учесниците беа поделени во групи и почнаа да работат на иницијативи со кои аплицираат за финансирање и имплементирање од страна на ФОП.

Форумот за образовни промени ќе биде ментор на една од четирите иницијативи што ќе ги подготват учесниците на оваа обука. На овој начин имаме за цел да промовираме граѓански активизам и младинско учество со различни иницијативи за општо добро.

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .