Успешно заврши академијата за граѓански активизам, ФОП ќе менторира 4 активности

Форумот за Образовни Промени успешно ја заврши академијата за граѓански активизам „CreActive Academy“, целосно дизајнирана од страна на ФОП, во согласност со потребите на младите, а се одржа во Маврово.

Учесниците на овој тренинг ги стекнаа сите потребни теоретски и практични знаења, од идентификување на проблемите во нивната средина до застапување и преземање конкретни чекори за нивно решавање.

Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за Образовни Промени, беше еден од обучувачите. Тој го отвори тренингот разговарајќи со учесниците за важноста на младинското учество и граѓанскиот активизам.

Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи, беше дел од вториот дел на тренингот. Тој разговараше со учесниците за дипломатијата и најдобрите начини на комуникација на проблемите со кои тие се соочуваат.

Бојан Кордалов, комуниколог, одржа предавање пред учесниците за важноста на односите со јавноста и како ефективно да се комуницираат пораките.

Арианит Џафери, граѓански активист, ги обучи учесниците за застапување, идентификација на проблемите и начини за нивно решавање, преку организирање на различни акции.

Учесниците на овој тренинг беа поделени во групи, при што секоја група, со целосна поддршка и менторство од Форумот за Образовни Промени, ќе реализира акција или активност преку која ќе се обидат да застапуваат за решавање на некој конкретен проблем.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .