Студентската Резолуцуја е веќе објавена; Предлози и барања до јавните институции

Студентската Резолуција подготвена од Форумот за Образовни Промени во директна консултација и соработка со сите студенти и активисти присутни на Студентскиот Форум одржан на 9 март сега е достапна и можете да ја прочитате со кликнување ТУКА . Оваа резолуција ги истакнува главните прашања кои им даваат поголемо значење на студентите во Северна Македонија преку зајакнување на студентските собранија.

  • Прочитајте го целиот документ со кликнување ТУКА .

Ние, студентите од сите универзитети во Северна Македонија повикуваме на силни студентски собранија, подобрен студентски стандард, и транспарентно, и квалитетно високо образование. Универзитетите постојат за доброто на студентите и мора да се усогласат со нивните потреби кои се развиваат.

Оваа резолуција ја истакнува посветеноста на студентите активно да учествуваат во решавањето на итните прашања и нивниот глас да се слушне во процесите на донесување одлуки на сите нивоа.

Оваа резолуција е претставена во следните области:

  • Студентски права и студентски стандарди

Ги повикуваме пратениците недвосмислено да го поддржат интегрирањето на Повелбата за студентски права во Законот за високо образование, забрзувајќи го неговото разгледување низ собраниска процедура до крајот на 2025 година.

  • Дигитализација на услугите во јавните универзитети 

Ги повикуваме универзитетите да ја прифатат дигитализацијата со целосно усвојување на електронскиот индекс и постепено укинување на физичкиот индекс до почетокот на академската 2025/2026 година.

  • Финансирање на високото образование

Го повикуваме Министерството за образование и наука и другите релевантни институции да подготват стратешки и акциски план до крајот на 2024 година за тоа како да ги зголемат средствата за образование. Процентот од БДП наменет за образование треба периодично да се зголемува за да се обезбеди поквалитетно образование.

  • Квалитетно образование

Бараме надворешна евалуација на универзитетите од страна на Европското здружение за обезбедување квалитет во високото образование за да поттикне подобрување и да ги оцени стандардите.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .