Подвижен и недвижен имот на деканите и ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Форумот за образовни промени смета дека транспарентноста на јавните функционери, особено на оние кои имаат раководна функција во високообразовна институција, е еден од главните столбови на едно демократско општество. Поради тоа, Форумот за образовни промени го визуелизираше движниот и недвижен имот што го пријавиле деканите и ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ до Државната  комисија за спречување на корупцијата во Северна Македонија.

Деканите на државните универзитети во Северна Македонија се клучни фигури во образовниот систем, додека во универзитет кој не е интегриран и факултетите имаат автономија во работењето, деканите управуваат со значителни буџет и имаат директно влијание врз квалитетот на високото образование. Затоа нивното богатство треба да биде предмет на внимание на јавноста, како што треба да биде и за секој друг што носи важна функција.

Преку оваа публикација помагаме да се зајакне одговорноста и да се спречат потенцијалните практики на корупција или конфликт на интереси. Повторуваме дека податоците што ги имаме се однесуваат само на она што самите декани го пријавиле, а кои се однесуваат на:

  • Недвижен имот
  • Движен имот

Форумот за образовни промени цврстно верува дека само преку транспарентност може да се изгради поправеден, почесен и подоверлив образовен систем за сите. Со податоците во оваа публикација заинтересираните ќе имаат можност да направат споредби во движењето на средствата на деканите од почетокот на мандатот до неговото завршување.

Сите податоци се преземени од официјалната веб-страница на Државната комисија за спречување на корупција, сите декани на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ без исклучок ја исполниле својата законска обврска и го пријавиле имотот на оваа институција.

Деканите на државните универзитети во Македонија управуваат со државен буџет и носат одлуки кои директно влијаат на квалитетот на високото образование. Затоа, објавувањето на оваа анализа не е направено само за да се угасне нечија љубопитност, туку на неа гледаме потреба која би ја гарантирала одговорноста и интегритетот на релевантната институција.

Ажурирање: Променети се податоците за движниот и недвижниот имот на деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски, споредено со претходно објавената табела. Причината за ова е што истражувачите од Форумот за образовни промени ги собрале податоците во февруари 2025 година од официјалната веб-страница на Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на она што тогаш било објавено на страницата. По консултација со деканот Сашо Георгиевски и претставници на Комисијата за спречување на корупцијата, се утврди дека имотот кој тогаш бил прикажан на веб-страницата на Комисијата не соодветствува со реалната состојба поради техничка грешка. Во табелата подолу го прикажуваме бруто движниот и недвижниот имот, онака како што моментално е објавен на веб-страницата на Антикорупциската комисија, без никакви интервенции и без одземање поради евентуална делумна сопственост на Георгиевски. За да го прочитате целосното, кликнете ТУКА.

Сите податоци се преземени од официалната веб-страница на Државната комисиа за спречуваье на корупциа, сите декани на Универзитетот „Свети Кирил и Методи;” без исклучок ja исполниле своата законска обврска и го призавиле имотот на оваа институциа. Собиратьето и анализата на податоците е извршена во периодот февруари-март 2025 година.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .