Објавено видео од Студентскиот Форум, амбасадорката Агелер: Воодушевена сум од енергијата на младите овде

На социјалната платформа „Фејсбук“ објавена е кратка видео снимка од Студентскиот Форум. Овој историски настан беше организиран од Форумот за Образовни Промени на 9 март 2024 година во Младински Центар, Скопје и успеа да собере повеќе од 100 студенти и активисти од целиот регион, и тоа од Албанија, Косово, Србија и Бугарија.

„Денеска разговараме за предизвиците кои ни стојат на патот, како и бараме решенија бидејќи сме генерација на сторители, оние кои секогаш наоѓаат креативни решенија, дури и ако тоа понекогаш значи да се најде начин да се преживее испитниот рок со само 3 часа сон и сомнителни количини на кафе“, рече Бленди Ходаи од ФОП во воведното обраќање.

„Секојдневно сум воодушевена од интелигенцијата, посветеноста, енергијата и креативноста на младите овде во Северна Македонија и на Балканот. Не дозволувајте некој да ви каже дека сте премногу млад за да барате промени или да преземете акција. Кренете го гласот, слушајте, како што вели Боб Марли“, рече амбасадорката на САД во Северна Македонија, Ангела Прајс Агелер.

„Не го потценувајте вашиот потенцијал да изградите подобра иднина за себе, заедницата и општеството. Не застанувајте поради цинизмот на постарите генерации или врсниците. Да го кренете гласот како поединец е одлично, да го кренете гласот заедно, е уште подобро“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .