(НЕ) ОДГОВОРНОСТА НА ОПШТИНИТЕ КОН МЛАДИТЕ, ПОД ЛУПАТА НА ФОП

Во првиот дел од истражувањето за (не)одговорноста на општините кон младите, го мониториравме спроведувањето на Законот за младинско учество и политики од страна на петте општини во Северна Македонија, вклучувајќи:

  • Општина Тетово
  • Општина Гостивар
  • Општина Куманово
  • Општина Битола
  • Општина Дебар

Истражувачот, откако утврди колку од обврските кои произлегуваат од Законот за младинско учество и политики се целосно или делумно исполнети од горенаведените општини, ги оцени градоначалниците со оценка од 1 (многу слаба) до 5 (одлично). Форумот за образовни промени, кохерентен во каузата за квалитетно образование и зајакнување на младите, континуирано укажува на неопходноста од младинското учество во процесите на одлучување на сите нивоа на државно и локално ниво. Ова е прва публикација што е наменета за пет општини, а во моментов истражувачите на Форумот за образовни промени ја следат имплементацијата на Законот за младинско учество и политики на другите општини во Република Северна Македонија.

Публикацијата на истражувањето (PDF)

Share the Post:

Related Posts