Законски, статутарни и морални прекршувања се констатирани на Универзитетот во Тетово

Изминативе години на Универзитетот во Тетово има правни, законски, академски, човечки и морални прекршувања – ние од Форумот за образовни промени сето тоа го осудуваме веќе неколку години, што пред една недела, се потврди и од Државниот просветен инспекторат. 

Прекршувањата не се толку трагични, колку што се заштитата и континуираното унапредување на прекршувачите, правејќи го Универзитетот во Тетово безбедно засолниште за сите оние на кои полесно им е да ја предадат душата отколку ректорската фотелја, за оние кои иако неуки – си го исполнуваат сонот да напредувават по секоја цена, кршејќи го секој професионален и човечки принцип. 

Иако државниот просветен инспекторат одби да ни го испрати, ние се потрудивме и го обезбедивме извештајот од последната инспекција, бидејќи овие случаи не можат едноставно да останат само на хартија. Меѓу констатираните прекршоци, се наоѓа следново:

  • Мерита Мустафаи, моментално асистент на Факултетот за применети науки, која во јавноста е позната поради нејзините раководни државни позиции , на Универзитетот во Тетово, незаконски е унапредена во академско звање „асистент“, со просечен просек на прв циклус студии  7,7 – што е во спротивност со Законот за високо образование. 
  • Поранешниот ректор, моментално претседател на Сенатот, Вулнет Амети пред истекот на вториот ректорски мандат во 2021 година, не ги започна процедурите за избор на нов ректор, со што се создаде хаотична ситуација, оставајќи го Универзитетот без ректор 5 месеци и 9 дена, спротивно на Законот за високо образование. 
  • И покрај тоа што законот го ограничува на максимум 6 месеци, Универзитетот во Тетово  речиси 1 година, од 2021 до 2022 година функсионирал со в.д ректор. Ниту Решат Ќаили, ниту Куштрим Ахмети, ниту Вулнет Амети не постапиле согласно законот – односно ниту еден од нив не го објавил конкурсот за ректор во рок од 30 дена. 
  • За скандалот да се продлабочи, Куштрим Ахмети е избран како в.д Ректор  без исполнување на законските услови за тоа, дури и со академско звање вонреден професор, што е во спротивност со Законот за високо образование. 
  • Во 2023 година, Универзитетот во Тетово по реакциите на Форумот за образовни промени, го поништи незаконскиот конкурс за ректор. Но, инспекторатот констатирал дека тоа не е правилно спроведено, конкурсот бил поништен, но не и другите акти кои биле поврзани со тој незаконски конкурс. 
  • Најважно тело во еден универзитет е Сенатот – дури и во ова тело во рамките на Универзитетот во Тетово е утврдено дека имало избори на членови во незаконска форма, со избор на нови членови пред истекот на мандатот на претходните сенатори. Така, речиси 11 месеци универзитетот работел со членови на Сенатот без верификуван мандат. 
  • Исто така, во периодот 2021-2022 година, шест факултети избраа нови сенатори пред истекот на мандатот на петходните сенатори, што е спротивно на Статутот. 

Ниту едно од прекршувањата што штотуку ги споменавме не е помало од другото. Ако било кое  од нив се толерира и помине, пораката што во моментов се пренесува до 52.316 студенти во Северна Македонија е дека за да напредуваат, да бидат избрани на лидерски позиции или да успеат во образовните институции во државата дефинитивно мора да ја прекршат секоја правна, морална и човечка норма.

Наместо состаноците кои МОН ги одржува со овие прекршители, итно бараме да се преземе нешто околу незаконското академско звање на Мерита Мустафа, да се започне процедура за укинување на одлуките на Сенатот составен од членови без верификуван мандат, обвинителството да започне истрага во целост за констатираните прекршоци доколку постојат елементи за сторено кривично дело злоупотреба на службената должност, и МОН ги потсетуваме на нашиот предлог за ветинг во високото образование, ако уште се заинтересирани да го вратат интегритетот во високото образование.  

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .