/* Template Name: Home */
ДПИ ги потврди нашите наводи: Фатон Шабани го прекршиле законот

ДПИ ги потврди нашите наводи: Фатон Шабани го прекршиле законот

Државниот просветен инспекторат денеска ги потврди наводите на НВО Форумот за образовни промени за незаконското членување на Фатон Шабани во Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. Бараме истото лице ИТНО да си поднесе оставка или во спротивно да биде разрешено од раководството на овој совет.

Од друга страна, констатирано е дека членувањето на Ндерим Зеќири во оваа институција кој истовремено е член на Сенатот на Универзитетот во Тетово, не претставува прекршување на Законот за високо образование.

ФОП бара од Собранието да иницира и да донесе законски измени со кои ќе се спречи членовите на најважните тела на универзитетите, истовремено да бидат дел од овој совет бидејќи сметаме дека тоа претставува директен судир на интереси.

Ова е само почеток. Ќе продолжиме да ги обелоденуваме академската мафија, академските измами и уништувачите на високото образование во Република Северна Македонија.

известувањедпи/pdf