Законски, статутарни и морални прекршувања се констатирани на Универзитетот во Тетово
Изминативе години на Универзитетот во Тетово има правни, законски, академски, човечки и морални прекршувања – ние од Форумот за образовни промени сето тоа го осудуваме веќе неколку години, што пред една недела, се потврди и од Државниот просветен инспекторат. Прекршувањата не се толку трагични, колку што се заштитата и континуираното унапредување на прекршувачите, правејќи го Универзитетот во Тетово безбедно засолниште за сите оние на кои полесно им е да ја предадат душата отколку ректорската фотелја, за оние кои иако неуки – си го исполнуваат сонот да напредувават по секоја цена, кршејќи го секој професионален и човечки принцип. Иако државниот просветен инспекторат одби да ни го испрати, ние се потрудивме и го обезбедивме извештајот од последната инспекција, бидејќи овие случаи не можат едноставно да останат само на хартија. Меѓу констатираните прекршоци, се наоѓа следново: Мерита Мустафаи, моментално асистент на Факултетот за применети науки, која во јавноста е позната поради нејзините раководни…
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и #DigiU потишаа заедничка заложба за дигитализација во високото образование
Дел од организациите во име на платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа Декларација за заедничка заложба за дигитализација на државните универзитети со примарна цел дополнително подигање на квалитетот на високото образование во земјава. Во заедничката декларација, меѓу другото, се истакнува дека страните ќе се залагаат за: Развој на сеопфатна стратегија за дигитализација за државните универзитети, која ќе вклучува воспоставување дигитална инфраструктура и платформи, како и развој на дигитални вештини на персоналот и студентите; Промовирање на употребата на дигитални алатки во наставата и учењето, вклучувајќи и развој на онлајн курсеви и употреба на системи за управување со учењето како можност за постигнување на инклузивност и интерактивност на наставата; Организирање на процесите на услуги преку употреба на дигитални платформи, како што се онлајн системи за регистрација и запишување и управување со дигитални документи; Овозможување на безбедност и приватност на дигиталните податоци и инфраструктура, преку…
Како Агрон Алили, донаторот на ДУИ, стана доцент на Универзитетот во Тетово со просек 6,7? Министерот Јетон Шаќири му помага со тоа што не презема никакви мерки!
Сите сме свесни дека високото образование во Република Северна Македонија е синоним за деградација, корупција и низок квалитет. За да го потврдиме тоа уште еднаш, на денешната прес-конференција ќе ја запознаеме пошироката јавност со недозволивото и незаконско однесување на актуелниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири. Имено, уште во април годинава, до Форумот за образовни промени пристигнаа информации дека Агрон Алили кој предава на Природноматематичкиот факултет при Универзитетот во Тетово бил унапреден во доцент спротивно на Закон. Во јули, по претходно поднесена претставка од наша страна, Државниот просветен инспекторат истражи и потврди дека унапредувањето е незаконско. Потенцираме дека со минимален просек од 6,7 и со немање на звање од соодветната научна област, д-р Агрон Алили бил избран за доцент. Според процедурата, оформениот предмет за овој професор веќе шест месеци се наоѓа во Министерството за образование и наука и се чека на постапување од страна на министерот Шаќири согласно Закон…
Резултати од PISA: Северна Македонија во дното, основните училишта „фабрика“ за функционални неписмени
Рангирањето на Северна Македонија во последните 10 земји од вкупно 81 земји во резултатите на PISA 2022 година, освен што е загрижувачко, треба да послужи и како последно предупредување за Министерството за образование и наука да преземе конкретни мерки за подобрување на квалитетот за да се застануваме да произведуваме функционални неписмени во основните училишта во земјава. Од вкупно 81 земја кои беа дел од овој тест, Северна Македонија е на 61-то место. Таа е рангирана на 61 место по математика, 71 во јазична писменост и 68 во наука. Потенцираме дека овие резултати се полоши од претходните, поточно во 2018 година, тоа покажува дека нашата земја освен што не работи во насока на подобрување на квалитетот на образованието, напротив, со години назадуваше. Дека неписменоста во Северна Македонија се зголемува, ние од Форумот за образовни промени сме алармирано веќе подолго време, додека со овие резултати овој факт за жал беше потврдено во…