Category Archives: Activities_mk

Изминативе години на Универзитетот во Тетово има правни, законски, академски, човечки и морални прекршувања – ние од Форумот за образовни промени сето тоа го осудуваме веќе неколку години, што пред една недела, се потврди и од Државниот просветен инспекторат.  Прекршувањата не се толку трагични, колку што се заштитата и континуираното унапредување на прекршувачите, правејќи го Универзитетот во Тетово безбедно засолниште за сите оние на кои полесно им е да ја предадат душата отколку ректорската фотелја, за оние кои иако неуки – си го исполнуваат сонот да напредувават по секоја цена, кршејќи го секој професионален и човечки принцип.  Иако државниот просветен инспекторат одби да ни го испрати, ние се потрудивме и го обезбедивме извештајот од последната инспекција, бидејќи овие случаи не можат едноставно да останат само на хартија. Меѓу констатираните прекршоци, се наоѓа следново: Мерита Мустафаи, моментално асистент на Факултетот за применети науки, која во јавноста е позната поради нејзините раководни…

Read more

Форумот за Образовни Промени успешно ја заврши академијата за граѓански активизам „CreActive Academy“, целосно дизајнирана од страна на ФОП, во согласност со потребите на младите, а се одржа во Маврово. Учесниците на овој тренинг ги стекнаа сите потребни теоретски и практични знаења, од идентификување на проблемите во нивната средина до застапување и преземање конкретни чекори за нивно решавање. Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за Образовни Промени, беше еден од обучувачите. Тој го отвори тренингот разговарајќи со учесниците за важноста на младинското учество и граѓанскиот активизам. Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи, беше дел од вториот дел на тренингот. Тој разговараше со учесниците за дипломатијата и најдобрите начини на комуникација на проблемите со кои тие се соочуваат. Бојан Кордалов, комуниколог, одржа предавање пред учесниците за важноста на односите со јавноста и како ефективно да се комуницираат пораките. Арианит Џафери, граѓански активист, ги обучи учесниците за застапување, идентификација на проблемите…

Read more

2/2