Во првиот дел од истражувањето за (не)одговорноста на општините кон младите, го мониториравме спроведувањето на Законот за младинско учество и политики од страна на петте општини во Северна Македонија, вклучувајќи:
- Општина Тетово
- Општина Гостивар
- Општина Куманово
- Општина Битола
- Општина Дебар
Истражувачот, откако утврди колку од обврските кои произлегуваат од Законот за младинско учество и политики се целосно или делумно исполнети од горенаведените општини, ги оцени градоначалниците со оценка од 1 (многу слаба) до 5 (одлично). Форумот за образовни промени, кохерентен во каузата за квалитетно образование и зајакнување на младите, континуирано укажува на неопходноста од младинското учество во процесите на одлучување на сите нивоа на државно и локално ниво. Ова е прва публикација што е наменета за пет општини, а во моментов истражувачите на Форумот за образовни промени ја следат имплементацијата на Законот за младинско учество и политики на другите општини во Република Северна Македонија.