Објавено истражувањето за студентските трошоци: Премногу трошење, мала или никаква државна помош
Истражувањето „Студентска кошничка на студентите на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет“ сега е објавено . Истражувачите на Форумот за Образовни Промени ги идентификуваа и анализираа најголем дел од трошоците што ги имаат студентите за цела академска година. Истражување на македонскиот јазик . Истражување на албански јазик . Нашата цел е да создадеме јасна слика за трошоците на студентите. Затоа што кога институциите во земјата креираат финансиски политики кои се фокусираат на младите луѓе, треба да се информирани за студентските трошоци. Преку интервјуа со студенти на Економскиот, Филолошкиот и Медицинскиот факултет ги истражувавме и анализиравме трошоците што овие студенти ги имаат во текот на еден семестар. Што велат податоците за Економскиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“? Студентите на Економскиот факултет со самофинансирање плаќаат 12.321 денари за еден семестар и 2.150 денари за други трошоци (ИКСА и административни). Просечните трошоци за секој студент посебно за еден семестар се како што следува: За…