Студентски Форум 2024: Прв чекор за обединување и повеќе студентски права

Успешно заврши Студентскиот форум организиран од Форумот за Образовни Промени. На овој настан, со присуство на повеќе од 100 студенти и млади луѓе од целиот регион, беа донесени историски одлуки за студентите.

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Ангела Прајс Агелер го отворија Студентскиот форум. Тие рекоа дека тоа е историски настан, ги повикаа студентите „да се залагаат за своите права“, повикувајќи се на официјалното мото на Форумот.

  • Целосните говори погледнете ги со клик ТУКА .

Рон Ѓиновци од Косово, Миген Ќираџи од Албанија, Лазар Беговиќ од Србија и Антонио Стоичков од Бугарија беа првите панелисти на Студентскиот форум. Зборуваа за студентскиот активизам и образовниот систем во регионот. Тие го истакнаа значењето на соработката меѓу студентите.

Во овој разговор беа вклучени и студентите учесници со прашања и коментари. Погледнете го целиот панел со кликнување ТУКА .

На ЛЕД екранот беше прикажано видео за борбите на студентите во Северна Македонија за слободни и демократски избори на Универзитетски Студентски Собранија. Панелистите Савче Ѓошева, Стефан Младеноски, Борјан Ефтимов и Шевал Зиза зборуваа за ова видео и за еволуцијата на студентскиот активизам кај нас.

  • Погледнете го целиот панел со кликнување ТУКА .

После тоа учениците имаа можност да се забавуваат и да креираат видео за „360 фото кабина“.

Корупцијата во високото образование беше тема на последниот панел на Студентскиот форум. На оваа тема зборуваа Блажен Малески, Деница Чадиковска и Грамос Бучница. Сите се согласија дека оваа појава е присутна на нашите универзитети, ги охрабрија студентите да пријават корупција до надлежните институции.

  • Погледнете го целиот панел со кликнување ТУКА .

Викторија Постоловска од Форумот за Образовни Промени ја претстави Повелбата за студентски права која има за цел да ги зголеми студентските права во Законот за Високо Образование.

  • Целосната презентација следете ја со кликнување ТУКА .

Бленди Ходаи од Форумот за Образовни Промени го претстави Националното Студентско Тело, истакна дека ова е првпат сите студентски собранија да ги здружат силите за полесно да ги добијат битките за студентските права.

  • Целосната презентација следете ја со кликнување ТУКА .

На крајот со студентите се разговараше што (не) треба да биде вклучено во Студентската Резолуција. Бленди Ходаи го зеде мислењето на мнозинството присутни во врска со ова и потоа сите едногласно гласаа ЗА резолуцијата.

Со 3 панели за дискусија поврзани со многу важни теми, презентација на Повелбата за Студентски Права, создавање на Национално Студентско Тело и одобрување на Студентската Резолуција со гласовите на повеќе од 100 студенти присутни во салата, Студентскиот форум беше успешно финализиран.

Related articles

This website is supported and funded by the National Endowment for Democracy and European Endowment for Democracy. This website reflects the views only of the author, and neither the National Endowment for Democracy can be held responsible for any use which may be made of the information contained therein .